Американската вселенска агенција НАСА денес објави дека била принудена да го евакуира својот Комплекс за длабоки вселенски комуникации во Мадрид (MDSCC), кој се наоѓа во регионот зафатен од пожарите. Објектот е еден од трите во светот што ѝ овозможуваат на агенцијата да комуницира со вселенски летала во далечните делови од галаксијата, другите се наоѓаат во Австралија и САД.

-Безбедноста и благосостојбата на нашиот персонал се наш највисок приоритет и нашите мисли се со семејствата и соседите кои исто така го доживуваат влијанието на пожарите во околните заедници, се вели во соопштението од НАСА.

Шумските пожари што беснеат во близина на шпанскиот главен град Мадрид ја принудија евакуацијата на центарот за длабоки вселенски комуникации на НАСА

Шпанија, која редовно е изложена на пожари, доживеа особено разорно лето.  Службениците за животна средина велат дека 1.140 квадратни километри веќе се уништени од пламен оваа година, повеќе од пет пати повеќе од површината изгорена во истиот период лани.

Во Шпанија, владата прогласи национална вонредна состојба бидејќи два од трите тековни пожари во земјата, сите горат во близина на главниот град Мадрид, се спојуваат во еден, објави Дојче веле.

Најголемиот активен пожар во регионот, во покраината Гвадалахара, веќе уништил околу 32.000 хектари.

Се прогнозираат и силни ветрови, што ќе ги отежни работите уште повеќе за пожарникарите.