Б.М.(48) од Гостивар, новинар и сопственик на локална телевизија од Гостивар, синоќа пријавил во ОВР Гостивар дека околу 19:30 часот на улицата Илинденска во Гостивар, додека извршувал службена дејност, А.Л. од Гостивар му се заканувал и се обидел и да му ја одземе камерата.

„Според пријавеното, најверојатно мотив за нападот е претходно објавена фото-вест од новинарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Тетово.

The post НАПАДНАТ НОВИНАР ВО ГОСТИВАР Некој се обидел да му ја одземе камерата appeared first on plusinfo.mk.