Вооружени напаѓачи отвориле оган врз товарен брод во Аденскиот Залив, во близина на брегот на Јемен, соопшти британскиот Центар за поморска безбедност (UKMTO).Според информациите, до товарниот брод се приближило мало пловило со шест вооружени лица. Потоа дошло до размена на оган меѓу напаѓачите и вооружениот безбедносен тим на бродот, по што напаѓачкото пловило се оддалечило од местото на инцидентот.„Товарниот брод пријави дека му се приближило пловило со шест вооружени лица. Дојде до размена на оган меѓу малата бродица и вооружениот безбедносен тим на товарниот брод, по што напаѓачите се повлекоа“, се наведува во соопштението на UKMTO.Надлежните служби започнаа истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот и идентитетот на напаѓачите.Нападот се случил во близина на теснецот Баб ел Мандеб, еден од најзначајните светски поморски премини што ги поврзува Јемен и земјите од Рогот на Африка, меѓу кои Џибути и Еритреја.Засега не е познато кој стои зад нападот, но инцидентот привлече дополнително внимание бидејќи се случи само неколку дена откако командантот на иранските сили Есмаил Каани повика на воспоставување „нов безбедносен појас“ од Ормускиот теснец до Баб ел Мандеб.