
Дрон погоди американски танкер за складирање гас закотвен во египетското пристаниште Дамиета на Средоземното Море, соопшти денес компанијата за поморска безбедност Амбреј.
Во соопштението се вели дека уште два танкери за гас се запалиле во Дамиета.
– Ситуацијата е под контрола по експлозијата во пристаништето Дамиета во Египет. Локалните власти брзо реагираа откако беше пријавена експлозијата, соопшти компанијата за пристанишни услуги Инчкејп, според Ал Џезира.
Компанијата за пристанишни услуги соопшти дека погодените бродови биле извлечени од пристанишната зона и потврди дека се очекува пристанишните операции да продолжат преку ноќ на други пристаништа и терминали.
Текстот Напад во Египет: Дрон удри во американски танкер за гас во пристаништето Дамиета е превземен од А1он.