СДСМ преку соопштение обвини дека Владата и министерот за здравство Сашо Клековски, наместо да понесат одговорност за случајот со труењето на граѓаните во Гостивар, ги напаѓаат лекарите и медицинските експерти кои јавно укажуваат на пропустите.Од партијата велат дека наместо да се дадат одговори зошто институциите, според нив, не реагирале навреме и зошто епидемијата била прогласена со задоцнување, министерот Клековски ги нарекол лекарите и професорите „јавачи на епидемијата“ кои, како што тврда