Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи што се случија на автопатот М1 во Унгарија, во близина на Ѓер.

Утрово околу 4:30 часот, камион се судри со градежна машина на 114-тиот километар од автопатот М1, објавува унгарскиот весник „Немзет“.

Возилото се запали по судирот, а возачот на камионот почина на местото на настанот.

Кратко потоа, околу 5:15 часот, минибус се судри со камион кој беше запрен поради претходна несреќа на 113-тиот километар.

Во минибусот имаше девет лица, од кои седум загинаа на местото на настанот, а двајца беа повредени.

Во име на владата, унгарскиот премиер Петер Маѓар изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Текстот Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија е превземен од А1он.