Најмалку 314.000 имигранти влегле во Франција во 2024 година, што е намалување во споредба со бројките од 2022 и 2023 година, првенствено поради помалиот прилив на украински државјани, објави денес „Ле Фигаро“.

Повикувајќи се на податоци од Францускиот национален институт за статистика и економски студии (INSEE), „Ле Фигаро“ наведува дека приливот на мигранти во Франција е, сепак, околу 30 проценти поголем од бројките од почетокот на векот.

Како што е наведено, нето миграцијата, во апсолутни бројки, се зголемила за 11 проценти помеѓу 2006 година (163.000) и 2019 година (182.000), пред дестабилизирачките ефекти од пандемијата Ковид-19 и војната во Украина.