Најмалку 14 лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во серија израелски воздушни напади врз јужен Либан. Според либанското
Министерство за здравство, меѓу жртвите има жена и дете, а нападнати биле повеќе од 15 локации.
И покрај неодамнешниот прекин на нападите меѓу Израел и Иран, Техеран предупреди дека повторно ќе реагира доколку Израел продолжи со воените операции во Либан.
Од почетокот на новата војна меѓу Израел и Хезболах во март годинава, во израелските напади во Либан, според официјалните податоци, загинале повеќе од 3.600 луѓе.
The post Најмалку 14 загинати во изреалски напади врз Јужен Либан appeared first on Скопско ЕХО.