
Најголем предизвик за центрите за социјални работи со постоечкиот кадар е да одговорат на се постојаниот пораст на број на случаи со семејно насилство, истакнаа надлежните на вчерашната надзорна расправа во Собранието: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“.
-Најголем предивик е континуираниот пораст на предметите поврзани со семјно насилство, со истите ограничени кадровски ресурси центрите за социјална работа постапуваат по значително поголем број случаи кои влијае врз обемот и динамиката на работата, изјави Верица Делева, координатор на социјални услуги на Град Скопје.
Таа рече дека се потребни дополнителни социјални и стручни работници, психолози, педагози за да се обезбеди навремено постапување.
-Евидентна е потребата од континирана обука, насилството добива различни форми, психолошко, економско, дигитално, сексуално што бара постојано усовршување на лицата кои работат со нив, како и потребата од усовршување на дигиталната размена на информации меѓу институцииите, изјави Делева.
Додаде дека при заштита на децата како директни или индиректни жртви на семејно насилство, во случаите кога постојат малолетни деца, секоја одлука се носи водејќи се од најдобриот интерес на детето.
-Помошта за децата кои сведочат на насилство е во насока и развој на детето со цел да се избегне дополнителна траума и секундарна виктримизација. Практиката покажува дека ниту една институција сама не може да се справи со семејното насилство и дека тоа е секојдневна борба на министерството за внатрешни работи, центрите за социјална работа, училиштата, градинките и организациите кои обезбедуват специјализирани услуги за жртвите. Токму оваа комбинација е предуслов за успешно препознавање на ризикот и обезбедување континуирана заштита, изјави Делева во Собранието.
Според неа, во последните години институциналната соработка е подобрена, но се уште постои простор за дополнително подобрување, особено во делот на брзина на размена на информации, усогласеното постапување и следењето на преземените мерки.
-И покрај преземените законски измени и подобрената институцинална поставеност, практичната примена се соочува со повеќе предизвици, рече Делева.
Е.Б.