Професорката Мирјана Најчевска објави на социјалните мрежи дека на 7 јули до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поднела пријава против Петар Богојески за, како што наведува, расна дискриминација и дискриминација врз основа на пол во негови објави на Фејсбук.Според Најчевска, до денес не добила ниту потврда дека пријавата е примена.„Можеби треба да напишам дека го крши Охридскиот рамковен договор и тогаш веднаш ќе добијам реакција? Или кога ќе замине ДПМНЕ од власт?“, напиша таа