
Цената на северноморската нафта „Брент“ денеска надмина 100 долари по барел првпат од крајот на мај, уследот на растечките геополитички тензии на Блискиот Исток и нарушувањата во поморскиот транспорт на енергенси.
Според податоците од берзите во 16:00 часот, нафтата „Брент“ поскапе за 6,77 проценти, на 100,512 долари по барел.
Растот на цените е поттикнат од наглото зголемување на премиите за осигурување за танкерите што превезуваат нафта и гас, по нападите на јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, врз саудиските бродови во Црвеното Море, пренесува „Ројтерс“