
Цената на нафтата утрово порасна за повеќе од 4% бидејќи обновените непријателства на Блискиот Исток ги разгореа геополитичките тензии по неколку дена релативен мир, поттикнувајќи нова загриженост за прекини во снабдувањето со енергија.
Цената на нафтата од типот Брентот денеска скокна за повеќе од 4% кон 88 долари за барел прекинувајќи ја тридневната низа на падови, додека цената на суровата нафта од типот WTI скокна за речиси 4% на околу 83 долари за барел.
Тензиите на Блискиот Исток дневно добиваат во интензитет или се намалуваат. Американската војска денеска соопшти дека успешно пресретнала изненадувачки ирански напад насочен кон американските трупи стационирани низ целиот Блиски Исток.
Во меѓувреме, милициите поддржани од Иран во Ирак лансираа беспилотни летала кон нафтените постројки во Источниот регион на Саудиска Арабија втор ден по ред, иако целосниот обем на штетата останува нејасен.
На дипломатскиот фронт, Иран го отфрли предлогот на Оман за споделена контрола 50-50 врз Ормускиот Проток, тврдејќи дека Техеран мора да ја задржи целосната контрола врз влезната бродска линија и дел од излезната рута.
Залихите на нафта во САД се намалија за 3,3 милиони барели минатата недела, што според експертите, укажува на континуирано амалување на глобалните залихи на нафта.
The post НАФТАТА ПОСКАПЕ ЗА 4% Пазарот е загрижен од обновените тензии на Блискиот Исток appeared first on plusinfo.mk.