Надворешната, безбедносната и одбранбената политика на Македонија повторно добија високи оценки во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Во Поглавјето 31 е утврдено добро ниво на подготвеност и напредок, со посебен акцент на целосната усогласеност на државата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.Европската комисија оценува дека Македонија доследно се придружува кон официјалните позиции на ЕУ за меѓународните прашања, како и кон одлуките за рестриктивни