За измените на Законот за јавни набавки, за кои претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот, се поднесени се 2158 амандмани.

Владејачкото мнозинство има поднесено амандман во согласност со укажувањата на претседателката со којшто ќе бара бришење на спорниот член 13 од измените.

Останатите амандмани се поднесени најмногу од СДСМ. Законот е ставен на дневен ред на пленараната седница закажана за утре.

The post Над 2.000 амандмани од опозицијата за Законот за јавни набавки, ВМРО-ДПМНЕ со само еден appeared first on Скопско ЕХО.