
Во Скопје вчера на три локации се пронајдени починати три повозрасни лица, соопшти полицијата.
Како што соопшти полицијата, вчера било пријавено дека во својот дом во Центар бил пронајден починат Б.О.(69). Истиот ден во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата, а во село Кучково, под патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од с.Волково.
Лекари на итна помош констатирале смрт кај трите лица без траги на насилство, а телата на починатите се дадени на обдукција.
The post НА ТРИ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ ПРОНАЈДЕНИ ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ На телата нема траги од насилство и се предадени на обдукција appeared first on plusinfo.mk.