Царинските службеници на граничниот премин Богородица запленија 5.000 штеки цигари во вредност од околу 9 милиони денари при контрола на товарно возило во транзит.
Возачот, српски државјанин, е приведен, а против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија за кривично дело криумчарење.
Камионот бил пријавен дека превезува градежен материјал – камена волна, на релација од Грција кон Србија.
При деталниот преглед, цариниците над палетите со стоката откриле 100 кутии со вкупно 5.000 штеки цигари без акцизни маркички, кои не биле пријавени.
The post На граничниот премин Богородица запленети 5.000 штеки цигари appeared first on Скопско ЕХО.