Двајца турски државјани биле лишени од слобода на Граничниот премин Деве Баир, откако при граничните проверки било утврдено дека приложиле фалсификувани зелени карти за товарните возила и приколките со кои патувале.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 11 јуни во периодот од 21:30 до 21:40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Деве Баир ги привеле Х.Х. (47) и М.Д. (47), двајцата државјани на Република Турција.При извршените пасошки контроли и гранични проверки било констатирано дека Х.Х., кој допатувал со товарно возило „ман“ со полуприколка со турски национални ознаки, како и М.Д., кој управувал товарно возило „рено“ со полуприколка со турски ознаки, на увид доставиле фалсификувани зелени карти за возилата и приколките.Двајцата биле предадени на полициски службеници од ОВР Крива Паланка, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Од МВР информираат дека се преземаат сите неопходни мерки за расчистување на околностите поврзани со случајот.На граница приложиле фалсификувани зелени карти, уапсени двајца турски државјани на Деве Баир
Двајца турски државјани биле лишени од слобода на Граничниот премин Деве Баир, откако при граничните проверки било утврдено дека приложиле фалсификувани зелени карти за товарните возила и приколките со кои патувале.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 11 јуни во периодот од 21:30 до 21:40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Деве Баир ги привеле Х.Х. (47) и М.Д. (47), двајцата државјани на Република Турција.При извршенит...
Двајца турски државјани биле лишени од слобода на Граничниот премин Деве Баир, откако при граничните проверки било утврдено дека приложиле фалсификувани зелени карти за товарните возила и приколките со кои патувале.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 11 јуни во периодот од 21:30 до 21:40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Деве Баир ги привеле Х.Х. (47) и М.Д. (47), двајцата државјани на Република Турција.При извршените пасошки контроли и гранични проверки било констатирано дека Х.Х., кој допатувал со товарно возило „ман“ со полуприколка со турски национални ознаки, како и М.Д., кој управувал товарно возило „рено“ со полуприколка со турски ознаки, на увид доставиле фалсификувани зелени карти за возилата и приколките.Двајцата биле предадени на полициски службеници од ОВР Крива Паланка, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Од МВР информираат дека се преземаат сите неопходни мерки за расчистување на околностите поврзани со случајот.