
Кривична пријава е поднесена за двајца скопјани за полов напад и силување на жена што се случил на 17 јули во Скопје.
СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.М.(41) и Ј.Р.(34), двајцатa од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ по член 186 од Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека на 17.07.2026 во 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче-Долно Лисиче со употреба на физичка сила и закани извршиле обљуба врз 32-годишна жена од Србија, со престојувалиште во Скопје.
Тие се изведени пред судија на претходна постапка, кој им изрекол мерка времено одземање на патната исправа.
The post НА ДВАЈЦАТА СИЛУВАЧИ ОДЗЕМЕН ИМ Е ПАСОШОТ Силувале жена од Србија покрај патот во Лисиче appeared first on plusinfo.mk.