Американската војска била подготвена да започне масовни воздушни напади врз Иран, но претседателот Доналд Трамп во последен момент ја запрел операцијата, објави NBC News повикувајќи се на извори од Пентагон.
Според информациите, борбените сили веќе добиле наредба за дејствување и биле на само три часа од почетокот на нападите.
Трамп соопшти дека ја откажал акцијата поради напредок во дипломатските разговори и постигнување согласност околу клучните точки од можниот договор. Интересно е што иранскиот остров Харк, преку кој се извезуваат околу 90 проценти од иранската нафта, не бил меѓу планираните цели, иако Трамп претходно јавно се закани дека САД би можеле да воспостават контрола врз него.
Одлуката за запирање на нападот дојде по неколкудневна ескалација меѓу Вашингтон и Техеран, која вклучуваше напади врз воени цели и размена на ракети и дронови. Според американски медиуми, посредничките разговори со Катар резултирале со привремен договор за отворање на Ормутскиот Теснец и намалување на тензиите, по што Трамп објави дека конфликтот со Иран е запрен.
The post На 3 часа пред нападот врз Иран, Трамп дал наредба се да прекине appeared first on Прва Скопска ТВ.