Забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод за пиење и подготовка на храна останува во сила сè додека лабораториските анализи не потврдат дека таа е целосно безбедна, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов.Тој информираше дека веднаш по добиените сознанија за загадувањето, АХВ издала решение за привремена забрана на употребата на водата и наложила преземање итни мерки. Според Миланов, во најкус можен рок треба да се обезбедат техничка вода и