Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Софија се сретна со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски. Средбата е прва од низата билатерални разговори што се одржуваат на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).Муцунски учествува на министерскиот состанок што се одржува во рамки на бугарското претседавање со иницијативата и е посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ.Настанот се одржува под мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална сопственост и европска аспирација“.Според Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во фокусот на разговорите меѓу министрите ќе бидат европската перспектива на земјите од Југоисточна Европа, унапредувањето на регионалната соработка, зајакнувањето на безбедноста и отпорноста на регионот, како и продлабочувањето на економската интеграција, конкурентноста и поврзаноста во услови на актуелните геополитички предизвици.Процесот за соработка на Југоисточна Европа претставува највисок политички форум за регионална соработка во регионот и важна платформа за промовирање на добрососедските односи, политичкиот дијалог и европската интеграција.На состанокот во Софија се очекува усвојување заедничка декларација со која земјите учеснички ќе ја потврдат својата посветеност кон мирот, стабилноста, одржливиот развој, регионалната соработка и европската иднина на Југоисточна Европа.Муцунски се сретна со бугарската министерка за надворешни работи
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Софија се сретна со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски. Средбата е прва од низата билатерални разговори што се одржуваат на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).Муцунски учествува на министерскиот состанок што се одржува во рамки на бугарското претседавање со иницијативата и е посветен на одбележувањет...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Софија се сретна со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски. Средбата е прва од низата билатерални разговори што се одржуваат на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).Муцунски учествува на министерскиот состанок што се одржува во рамки на бугарското претседавање со иницијативата и е посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ.Настанот се одржува под мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална сопственост и европска аспирација“.Според Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во фокусот на разговорите меѓу министрите ќе бидат европската перспектива на земјите од Југоисточна Европа, унапредувањето на регионалната соработка, зајакнувањето на безбедноста и отпорноста на регионот, како и продлабочувањето на економската интеграција, конкурентноста и поврзаноста во услови на актуелните геополитички предизвици.Процесот за соработка на Југоисточна Европа претставува највисок политички форум за регионална соработка во регионот и важна платформа за промовирање на добрососедските односи, политичкиот дијалог и европската интеграција.На состанокот во Софија се очекува усвојување заедничка декларација со која земјите учеснички ќе ја потврдат својата посветеност кон мирот, стабилноста, одржливиот развој, регионалната соработка и европската иднина на Југоисточна Европа.