Се надевам дека следната година ќе имаме подобар извештај од Европската комисија од овој од оваа година, а за билатералното прашање со Бугарија ќе продолжиме активно да бараме дијалог со нашиот сосед и да работиме на тој дијалог со поддршка од ЕУ, изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски за „Локално“.

На прашањето дали и следната година ќе бидеме во истата ситуација и само да разговараме за извештајот на ЕУ без да бидат почнати преговорите, тој рече дека во однос на спорот со Бугарија имаат прилично јасни позиции.

-Ако ме прашувате дали следниот извештај ќе биде подобар од овој – да, се надевам дека ќе биде подобар од оваа година. Ако ви е прашањето поврзано со билатералното прашање со Бугарија имаме прилично јасни позиции и врз основа на тие позиции оваа Влада има добиено мандат од огромно мнозинство на граѓани во оваа државаи, рече Муцунски.

Тој кажа дека врз основа на мандатот што го имаат добиено од граѓаните работат на изнаожање решение кое ќе биде оддржливо и применливо.

-Врз основа на тој мандат што го имаме од граѓаните ќе работиме на изнаоѓање на решение кое е одржливо и дава предвидливост и ќе продолжиме активно да бараме дијалог со нашиот сосед Бугарија и да работиме на тој дијалог секако со поддршка на ЕУ и на сите земји членки, истакна Муцунски.

Тој додаде дека убеден е дека и следната година ќе има подобри резултати и дека следниот извештај ќе биде подобар од сегашниот.

-Јас би сакал да ја имаме истата дискусија за новиот извештај кој што е подобар од овој, како што сега зборуваме дека овој извештај е подобар од ланскиот. Убеден сум дека резултати ќе постигнеме, дури зборувавме во текот на оваа дискусија и за некои работи кои се нотирани во овој извештај и се реализирани од Владата бидејќи извештајниот период е до август. Ќе зборуваме и за други резултати кои ќе се постигнат ќе има работи кои повторно ќе треба да ги направиме, посочи Муцунски.

Тој објасни дека заедно со ЕУ постојано вложуваат напори да има конкретни и видливи резултати во однос на евроинтеграциите.

-Ние постојано вложуваме напори во тој дел. Сметам дека и денешниот настан, презентирање на објективната состојба за тоа што кажуваме што сме постигнале, но и за тоа што заеднички треба да го направиме е создавање заеднички наратив а е поврзано со европската интеграција, рече Муцунски.

Тој додаде дека во делот на реформската агенда има видливи резултати, а тоа се гледа директно преку буџетско финансирање од фондовите на ЕУ.

-Сметам дека она што се прави во делот на реформската агенда, каде што се постигнуваат само видливи резултати, туку гледаме какво директно буџетсо финансирање носи тоа од средства и фондови на Европсата унија за нашата држава врз основа на објективно постигнати резултати е дел од опипливиот ефект на процесот на европска интеграција, односно доказ дека кога се постигнуваат резултати ЕУ со своите фондови стои зад државата, рече Муцунски.

Тој додаде дека сите тие процеси се дел од активностите кои ги координираат заеднички со Европската унија.

-Постојано ги потенцираме, прво дека постои императивот и на Брисел и на ЕУ за проширувањето, но дека има Влада која е посветена на реформите и вложува максимални напори за тие реформи да се реализираат, рече Муцунски.

Е.Б.