Според министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта при посетата во Скопје го кажал она што и Владата постојано го кажува дека се посветени на европските реформи. Одговарајќи на новинарско прашање како ја толкува изјавата на првиот човек на Европскиот совет кој јасно порача дека треба да се испорача договореното околу уставните измени за оточнување на преговорите, министерот рече дека радува тоа што Кошта е на иста линија со Владата дека државата е посветена на европскиот пат.

-Радува тоа што господинот Кошта јавно го кажа тоа што владата долг период го говори која е посветена н европските реформи, влада која имплементира европски реформии влада која во делот на надворешната полтика има стратешко јасна ориентација. Тоа ја разбива оваа хистерија која одредени политички структури во оваа држава се обидуваат да ја создадат, изјави Муцунски и додаде дека во случајов можеби е прашање на толкување на изјавата на Кошта.

Тој рече дека државата е посветена на европските реформи и дек остауваат со јасна стратешка ориентација.

-Цврсто остануваме на позицијата дека нема услови за уставни измени, тие услови може да се создадат со градење на меѓусебна доверба, а таа може да се изгради преку иснтитуционални механизми за што нема проблем кај скоро сите земји членки, изјави Муцунски.

Министерот рече дека чувствува желба од највисоките претставници на ЕУ да се стимулира дијалогот меѓу Македонија и Бугарија

-Од таа гледна точка ние ќе бидеме не само конструктивни туку и поттикнувачки. Од таа гледна точка ние не само што имаме јасни позиции секогаш нагласувам дека ние немаме алетрнатива освен европскиот пат. Очигледно во моментот постои сериозен интерес од страна на земјите членки и на ЕУ за раздвижување на политиката за проширување и доколку тој интерес е искрен, секако и за нашиот спор ќе се најде соодветно европско решение, изјви Муцунски.

Тој додаде дека на самитот на ЕУ и Западен Балкан кој се оддржува во Тиват каде ќе се сретне и со германскиот канцелар Фридрих Мерц изворно ќе се информира за идејата презентирана во неговото писмо прво да се овозможи влез на балканскте земји на заедничкиот европски пазар а потоа да се оди кон членство.

Е.Б.