
Премиерот Христијан Мицкоски најави можност државата сама да ја гради хидроелектраната Чебрен и Галиште.
Мицкоски рече дека оваа стратешка одлука ќе ја донесат по разговорите со раководството на ЕСМ.
Според него, се работи на физибилити студија за еден од најважните стратешки објекти од областа на енергетиката за државава бидејќи треба да обезбеди базна енергија.
Дополнително, како што рече во регионот недостигаат овие два резервоара за вода и заедно со постојната ХЕЦ Тиквеш, ќе обезбедат дополнителна количина вода за Тиквешко поле кое располага со околу 60.000 хектари земјоделско земјиште од прва класа и развиен систем за водоснабдување.
Се проценува дека реализацијата на овој проект ќе чини 1,5 милијарди евра со камати.
Минатата година, премиерот, изјави дека проектот би можел да се реализира и со пари од стратешкото партнерство со Велика Британија.
Проектот Чебрен и Галишта е еден од најдолгонајавуваните енергетски проекти во земјава. За неговата реализација беа распишани 14 неуспешни тендери.
Последниот неуспешен обид беше во 2023 година кога избраниот најдобар понудувач „Архиродон“ од Грција, не ја продолжи банкарската гаранција што важеше до 31 декември истата година.
The post МОЖНО Е ДРЖАВАТА САМА ДА ГИ ГРАДИ ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ Инвестицијата би изнесувала 1,5 милијарди евра, заедно со каматите appeared first on plusinfo.mk.