Русија инсистира американското нуклеарно оружје да се повлече од Европа и целата инфраструктура за негово распоредување да се демонтира, изјави шефот на руската делегација на Конференцијата за преглед на Договорот за не ширење на нуклеарно оружје – Андреј Белоусов.

„Земајќи го предвид потенцијалот за напад врз критична цивилна и воена инфраструктура на руска територија, американското нуклеарно оружје распоредено во Европа е во суштина стратешко“, рече Белоусов за време на состанокот, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека Русија инсистира американското нуклеарно оружје да се повлече од Европа, да се врати во Соединетите Американски Држави и целата инфраструктура за нуклеарно распоредување во Европа да се демонтира.

Текстот Москва со закана до Вашингтон: Отстранете го нуклеарното оружје од Европа е превземен од А1он.