Русија ќе одговори со соодветни мерки на одлуката на Австрија да протера четворица руски дипломати, но последиците за Виена ќе бидат болни, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Дмитриј Љубински, за агенцијата ТАСС.Тој нагласи дека, како што рече, секој непријателски потег на австриските власти кон Русија наидува и ќе продолжи да наидува на соодветен одговор од Москва.На 23 октомври Австрија ги прогласи за непожелни четворица руски дипломати и им нареди да ја напуштат земјата