Во албанскиот парламент се случи несекојдневен инцидент кој многумина на социјалните мрежи го споредуваат со сцени од култната британска комедија „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“.

На видеоснимка што се прошири на интернет се гледа како опозицискиот пратеник Агрон Шехај зема доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и Соединетите Американски Држави, по што се обидува да го напушти местото.

На снимката се гледа како Шехај трча низ парламентот со документот во рацете, додека по него трча секретарката на Собранието во обид да го запре. Во текот на потерата таа паѓа по скалите, што дополнително го привлекува вниманието на јавноста.

Инцидентот предизвика бројни реакции, а снимката за кратко време стана вирална на социјалните мрежи.

 

Настанот повторно ги отвори прашањата за безбедноста и начинот на постапување со доверливите документи во албанскиот парламент, особено во период кога Албанија се смета за една од земјите кандидати со најголеми шанси за напредок во процесот на пристапување кон Европската Унија.

The post 📽️ „МОНТИ ПАЈТОН“ ВО АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНЕТ Опозициски пратеник украде доверлив документ за договорот со САД appeared first on plusinfo.mk.