Министерството за образование и наука, во соработка со Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, воведе AI асистент за поддршка на корисниците на Е-дневникот.Станува збор за напредно софтверско решение базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во системот на Е-дневникот и овозможува интелигентно пребарување и генерирање прецизни одговори на прашањата на корисниците.Според МОН, четботот овозможува побрза и поефикасна обработка и структурирање на документацијата, создавајќи сеопфатна база на знаење за користење на системот на македонски и албански јазик.Новото решение треба да им овозможи на наставниците, училиштата и останатите корисници полесен пристап до релевантни информации и побрза техничка поддршка.Системот веќе е имплементиран и хостиран на безбедна облак-платформа, со вградени механизми за заштита и контрола на содржината, како и систем за мониторинг и оптимизација што овозможува следење на перформансите и анализирање на користењето.МОН воведе AI асистент за поддршка при користење на Е-дневникот
Министерството за образование и наука, во соработка со Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, воведе AI асистент за поддршка на корисниците на Е-дневникот.Станува збор за напредно софтверско решение базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во системот на Е-дневникот и овозможува интелигентно пребарување и генерирање прецизни одговори на прашањата на корисниците.Според МОН,...
Министерството за образование и наука, во соработка со Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, воведе AI асистент за поддршка на корисниците на Е-дневникот.Станува збор за напредно софтверско решение базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во системот на Е-дневникот и овозможува интелигентно пребарување и генерирање прецизни одговори на прашањата на корисниците.Според МОН, четботот овозможува побрза и поефикасна обработка и структурирање на документацијата, создавајќи сеопфатна база на знаење за користење на системот на македонски и албански јазик.Новото решение треба да им овозможи на наставниците, училиштата и останатите корисници полесен пристап до релевантни информации и побрза техничка поддршка.Системот веќе е имплементиран и хостиран на безбедна облак-платформа, со вградени механизми за заштита и контрола на содржината, како и систем за мониторинг и оптимизација што овозможува следење на перформансите и анализирање на користењето.