Педесет наставници од основните училишта низ државата добија сертификати за успешно учество на работилница посветена на интеркултурното образование, училишната кохезија и создавањето позитивна училишна средина. Сертификатите денеска ги доделија министерката за образование и наука Весна Јаневска и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал.Работилницата, организирана од Министерството за образование и наука и ОБСЕ, беше насочена кон развивање практични вештини кај наставниците за креирање активности што поттикнуваат поддршка, меѓусебно разбирање и почитување на различностите меѓу учениците.Во своето обраќање, Јаневска истакна дека образованието има клучна улога во градењето доверба, соживот и заеднички вредности, нагласувајќи дека училиштата треба да бидат места каде младите не само што стекнуваат знаења, туку и учат да се разбираат и почитуваат меѓусебно.„Со надградувањето на вашите вештини директно придонесувате за развој на емоционалната интелигенција, критичкото мислење и интеркултурните компетенции кај учениците. Различностите не се пречка, туку предност што создава нови перспективи и нè прави посилни како држава“, порача министерката.Таа потсети и на заедничките активности што МОН и ОБСЕ ги реализираат во рамки на интегрираното образование. Посочи дека оваа година е зајакната грантовата шема за меѓуетничка интеграција, при што се доделени 57 грантови – 39 за основни и 18 за средни училишта, со кои се реализираат работилници, едукативни, културни и спортски активности што ги поврзуваат младите од различни заедници.Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, нагласи дека наставниците имаат клучна улога во создавањето безбедна и стимулативна средина во која се негуваат почитта, соработката и довербата.„Вашата улога оди многу подалеку од пренесувањето знаења. Со новите алатки и методологии сте уште подобро подготвени да создавате училишта во кои секој ученик ќе се чувствува прифатен, почитуван и безбеден“, истакна Вал.Обуката им овозможи на наставниците да развијат практични пристапи за поттикнување дијалог, мирно решавање конфликти и градење позитивни односи меѓу учениците, со цел создавање поинклузивни и покохезивни училишни заедници.МОН и ОБСЕ ги јакнат капацитетите на наставниците за интеркултурно образование и училишна кохезија
Педесет наставници од основните училишта низ државата добија сертификати за успешно учество на работилница посветена на интеркултурното образование, училишната кохезија и создавањето позитивна училишна средина. Сертификатите денеска ги доделија министерката за образование и наука Весна Јаневска и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал.Работилницата, организирана од Министерството за образование и наука и ОБСЕ, беше насочена кон развивање практични вештини кај наставниците за креирање а...
Педесет наставници од основните училишта низ државата добија сертификати за успешно учество на работилница посветена на интеркултурното образование, училишната кохезија и создавањето позитивна училишна средина. Сертификатите денеска ги доделија министерката за образование и наука Весна Јаневска и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал.Работилницата, организирана од Министерството за образование и наука и ОБСЕ, беше насочена кон развивање практични вештини кај наставниците за креирање активности што поттикнуваат поддршка, меѓусебно разбирање и почитување на различностите меѓу учениците.Во своето обраќање, Јаневска истакна дека образованието има клучна улога во градењето доверба, соживот и заеднички вредности, нагласувајќи дека училиштата треба да бидат места каде младите не само што стекнуваат знаења, туку и учат да се разбираат и почитуваат меѓусебно.„Со надградувањето на вашите вештини директно придонесувате за развој на емоционалната интелигенција, критичкото мислење и интеркултурните компетенции кај учениците. Различностите не се пречка, туку предност што создава нови перспективи и нè прави посилни како држава“, порача министерката.Таа потсети и на заедничките активности што МОН и ОБСЕ ги реализираат во рамки на интегрираното образование. Посочи дека оваа година е зајакната грантовата шема за меѓуетничка интеграција, при што се доделени 57 грантови – 39 за основни и 18 за средни училишта, со кои се реализираат работилници, едукативни, културни и спортски активности што ги поврзуваат младите од различни заедници.Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, нагласи дека наставниците имаат клучна улога во создавањето безбедна и стимулативна средина во која се негуваат почитта, соработката и довербата.„Вашата улога оди многу подалеку од пренесувањето знаења. Со новите алатки и методологии сте уште подобро подготвени да создавате училишта во кои секој ученик ќе се чувствува прифатен, почитуван и безбеден“, истакна Вал.Обуката им овозможи на наставниците да развијат практични пристапи за поттикнување дијалог, мирно решавање конфликти и градење позитивни односи меѓу учениците, со цел создавање поинклузивни и покохезивни училишни заедници.