Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска соопшти за случајот кој неодамна го објави портал „Х“ за рекордна добивка на скопјанец од Државната лотарија.

„Дали знаете за “Нострадамус” од Карпош кој во еден ден успеал да погоди 178 пати на онлајн покер – и во месец и половина да “освои” 10,8 милиони евра? Дали знаете зошто и оваа влада не ја укинува онлајн платформата за коцкање? Затоа што со вакви “среќни добитници”, мафијата на власт ги пере криминално заработените пари“, праша пратеничката.

Портал „Х“ објави дека корисник од скопската општина Карпош за само месец и половина остварил добивки од над 10,8 милиони евра на државната платформа за онлајн коцкање „Мегавин“.

Според достапните податоци, корисникот со шифра 165234 во периодот од 22 април до 3 јуни годинава евидентирал добивки во вредност од околу 10,9 милиони евра, додека во истиот период вложил повеќе од 4,1 милиони евра.