Апликацијата „МојДДВ“, преку која граѓаните остваруваат поврат на дел од платениот ДДВ, веќе петти ден е недостапна за голем број корисници.

При обид за најава се појавува порака дека нема конекција со Управата за јавни приходи, поради што корисниците не можат да ги скенираат фискалните сметки.

Проблемите започнале на 10 јуни, а два дена откако институцијата соопшти дека работи на надминување на пречките, апликацијата сè уште не функционира нормално.

„Ве информираме дека апликацијата ‘МојДДВ’ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање“, соопшти УЈП.

Проблемот доаѓа токму во последниот месец од кварталот, кога граѓаните најинтензивно ги скенираат сметките за поврат на данок.

Преку мерката „МојДДВ“, граѓаните можат да добијат поврат до 2.100 денари за едно тримесечје.

УЈП претходно потсети дека исплатата на повратот се врши во рок до 60 дена по завршувањето на кварталот, согласно законските одредби.

The post „МОЈ ДДВ“ ЗАГЛАВИ НЕКОЛКУ ДЕНА ПО РЕД Граѓаните чекаат УЈП да го реши проблемот appeared first on plusinfo.mk.