
Опасни се изјавите на министерот за здравство Саѓо Клековски, со кои сака да го релативизира проблемот со неисправната вода во болницата за белодробни заболувања во Лешок, предупредија од опозициската СДСМ на денешната прес конференција.
Рената Младеновска членка на извршниот одбор на СДСМ рече дека министерот откако признал дека задоцниле во Гостивар со навремена реакција, сега сака да го релативизира проблемот со водата за пиење во болницата во Лешок.
-Вели диспанзери имало во Лешок, а како се одржува хигиената во болницата? Со каква вода медицинскиот персонал ги мие рацете? Со каква вода се одржува личната хигиена на пациентите што се хоспитализирани?, праша Младеновска.
Таа рече дека министерот Клековски признал дека „црвените светла“ се запалиле со задоцнување во Гостивар, но дека треба да признае и за водата во болницата во Лешок, место да ги извртува фактите и да предизвикува катастрофа.
-Анализата во Лешок е направена од Центарот за јавно здравје во Тетово, согласно Националната годишна програма. Резултатот е пратен до Агенцијата за храна и до Министерството за здравство. Прашањето е дали постапиле овие институции кога го добиле резултатот или повторно црвените светла задоцниле? Дали се известени пациентите, персоналот, дали се презеле мерки за нивна заштита? Или и во овој случај ќе се чека да поминат денови, па откако ќе ескалира проблемот ќе слушаме признавања дека системот затаил?, изјави Младеновска.
Министерот Клековски кој вчера беше во посета на болницата во лешок рече дека не е тајна дека водоводните системи во руралните места често имаат проблем со исправноста на водата, особено во летниот период и дека за загадувањето на водата во болницата во Лешок, Министерството за здравство имало информации уште во 2017 година, кога на власт беше СДСМ.
Тој рече дека вода за болбницата се обезбедува од диспанзери и дека има чиста вода пиење и дека хигиената се оддржува на највисоко ниво.
Ова признание според СДСМ не дошло од совест, туку затоа што граѓаните сами виделе дека власта го загорозила нивното здравје.
-Во болницата во Гостивар веќе помош побарале над 4.000 граѓаните, се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна. Колку време му требаше на Клековски да признае дека задоцнија со реакција, дека потфрлија во тоа што е основна обврска на секоја Влада – да се грижи и да ги штити граѓаните? 22 дена Гостиварчани пиеле загадена вода – илјадници граѓани се разболеа, изјави Младенвска.
Потоа, според СДСМ, поминале денови додека власта прогласи епидемија и дека водата за пиење е неипсравна во повеќе места, не само во Гостивар.
-Денови поминаа откако уште во 6 други градови и населени места водата е исто така загадена, изјави Младеновска.
Таа рече дека минитерот признал дека институциите задоцниле, ама не затоа што сакал да ја каже вистината туку затоа што не може да ја сокрие непособноста.
-Признанието дојде затоа што веќе секој граѓанин со свои очи ја виде вистината – оваа власт им го загрози здравјето, ја отру државата. Ниту едно признание нема да ги заштити граѓаните ако по него не следуваат оставки и одговорност, изјави Младеновска.
Таа додаде дека мора да има целосно утврдување на одговорноста и итни контроли и анализи на квалитетот на водата во целата држава.