Главниот уредник на поткастот „Тешки муабети“, Александар Митовски, и неговиот колега Милош Милошевски реагираа откако бугарската партија „В’зраждане“ најави дека ќе побара забрана за нивен влез во Шенген-зоната.Митовски оцени дека односот на бугарската држава кон Македонците останал непроменет со децении.„Во услови кога Македонија е напаѓана, а нејзината самобитност, идентитет, култура и историја се повторно жртва на повампирениот бугарски фашизам, чест ми е да бидам дел од борбата на Тодор Александров, Сарафов, Сандански, Делчев. Овој однос на бугарската држава кон Македонскиот народ и неговата мисла е ист, непроменет од 1903 до денес“, напиша Митовски.Тој додаде дека денес се бара „црн печат“ за него и Милошевски, како што, според него, во минатото биле прогонувани македонски автори и весници.„Не еден, три печати ставете. Нас ни е чест да сме дел од оваа борба, а тој печат би бил најголемиот орден. Нема да попуштиме“, порача Митовски.Со реакција се огласи и Милош Милошевски.„Особена чест и задоволство ми претставува фактот што ја продолжувам традицијата на мојата фамилија на осудени од бугарската држава за борбата за Македонија“, напиша тој.Осврнувајќи се на најавата за можна забрана за влез во Шенген, Милошевски порача:„Ви посакувам убав помин со фините дечки од Сомалија кои очигледно повеќе ги сакате од сопствената крв и месо тука од Западниот Балкан и Македонија. Топол поздрав за бугарскиот пратеник Ангел Георгиев, кој Македонија може да ја гледа само на разгледница.“Претходно, бугарската партија „В’зраждане“ соопшти дека ќе испрати официјално барање до бугарското Министерство за надворешни работи за забрана за влез во Шенген-зоната за двајца македонски државјани, поради видео во кое, според партијата, биле упатени навредливи гестови кон бугарскиот претседател Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова.Митовски и Милошевски по заканите од бугарската партија: И три печати ставете, тоа ќе ни биде орден
Главниот уредник на поткастот „Тешки муабети“, Александар Митовски, и неговиот колега Милош Милошевски реагираа откако бугарската партија „В’зраждане“ најави дека ќе побара забрана за нивен влез во Шенген-зоната.Митовски оцени дека односот на бугарската држава кон Македонците останал непроменет со децении.„Во услови кога Македонија е напаѓана, а нејзината самобитност, идентитет, култура и историја се повторно жртва на повампирениот бугарски фашизам, чест ми е да бидам дел од борбата на Тодор Але...
Главниот уредник на поткастот „Тешки муабети“, Александар Митовски, и неговиот колега Милош Милошевски реагираа откако бугарската партија „В’зраждане“ најави дека ќе побара забрана за нивен влез во Шенген-зоната.Митовски оцени дека односот на бугарската држава кон Македонците останал непроменет со децении.„Во услови кога Македонија е напаѓана, а нејзината самобитност, идентитет, култура и историја се повторно жртва на повампирениот бугарски фашизам, чест ми е да бидам дел од борбата на Тодор Александров, Сарафов, Сандански, Делчев. Овој однос на бугарската држава кон Македонскиот народ и неговата мисла е ист, непроменет од 1903 до денес“, напиша Митовски.Тој додаде дека денес се бара „црн печат“ за него и Милошевски, како што, според него, во минатото биле прогонувани македонски автори и весници.„Не еден, три печати ставете. Нас ни е чест да сме дел од оваа борба, а тој печат би бил најголемиот орден. Нема да попуштиме“, порача Митовски.Со реакција се огласи и Милош Милошевски.„Особена чест и задоволство ми претставува фактот што ја продолжувам традицијата на мојата фамилија на осудени од бугарската држава за борбата за Македонија“, напиша тој.Осврнувајќи се на најавата за можна забрана за влез во Шенген, Милошевски порача:„Ви посакувам убав помин со фините дечки од Сомалија кои очигледно повеќе ги сакате од сопствената крв и месо тука од Западниот Балкан и Македонија. Топол поздрав за бугарскиот пратеник Ангел Георгиев, кој Македонија може да ја гледа само на разгледница.“Претходно, бугарската партија „В’зраждане“ соопшти дека ќе испрати официјално барање до бугарското Министерство за надворешни работи за забрана за влез во Шенген-зоната за двајца македонски државјани, поради видео во кое, според партијата, биле упатени навредливи гестови кон бугарскиот претседател Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова.