Постапувањето на Јавното обвинителство за случајот со загадениот водовод во Гостивар треба да биде брзо и експедитивно, како и институциите да ја истражат одговорноста за да не се случуваат вакви состојби во иднина, изјави за „Локално“, портпаролката на Владата, Марија Митева.

На прашањето чија е одговорноста за случајот со Гостивар, каде постои сомнение дека Општината и јавното претпријатие „Водовод“ поставиле три пумпи за вода во корито за отпадни води и ги поврзале со главниот цевковод од системот со кој се снабдува со вода за пиење Гостивар, за да го зголемат притисокот на вода во мрежата, според Митева, станува збор за човечка грешка.

-Ценам дека постапувањето со законски одредби и надлежности, секоја институција треба да го гледа како соодветен начин на функционирање од кој не смее да отстапува. Надлежните институциите дека постапувале согласно нивната надлежност и во согласност со она што се бара од нив и она што е нивна обврска. Дури и во рекордно време да завршаат активности, кои во голема мера се во надлежност на локалнаата самоуправа. Во слуајот со водоснабдувањето на жителите на Гостивар, каде е прогласена епидемија, и од АХВ каде има забрана за употреба на водата, Општината е надлежна да овозможи непречено водоснабдување на жителите, изјави Митева.

На прес-конференцијата во Владата, Ивица Томовски од СОЗР сооопшти дека Владата почнувајќи од денес ќе обезбеди 60.000 литри чиста вода за ппиење за жителите на Гостивар.

Министерот за здравство, Сашо Клековски на прашање на „Локално“ како ќе функционира гостиварската Болница натаму, со оглед на тоа дека е забраната за употреба на водата важи и за нив, како и за жителите на градот, рече дека во болницата има услови за работа, со оглед дека Владата обезбедува чиста вода за пиење за жителите на градот, а се обезбедени и цистерни и за болницата.

Е.Б.