Митева бара СДСМ да одговара за „ширење хистерија“ околу Алта Банка

lokalno.mk

Портпаролката на Владата, Марија Митева вели дека е изненадена што СДСМ ревносно ги следат политиките во…

Портпаролката на Владата, Марија Митева вели дека е изненадена што СДСМ ревносно ги следат политиките во соседните држави и колку добро се запознаени за тамошните состојби. Според неа, изјавите за несигурност во банкарскиот сектор и состојба на криминал и корупција, се нешто што го следат и ширењето на паника и неточни информации.

„Кога се пристапува кон оваа тема, треба да имате поголема одговорност кога зборувате пред граѓаните. Ниту ние го минимизираме проблемот, ниту го ставаме некаде на страна, но вие ја максимизирате цела таа состојба којашто се случува преку лажни вести, преку неточни информации, велевте вчера, вашиот претседател на социјалната мрежа „X“ ставаше статуси дека правните субјекти нема да можат да располагаат со својот капитал, денес излезе одлуката, решението, во Службен Весник, и истото беше побиено“, рече Митева во емисијата „24 анализа“ за ситуацијата со Алта банка и обвинувањата од СДСМ.

Владината портпаролка исто така упати прашања до потпретседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска.

„Дали вие, конечно, како политичка партија, не само во овој случај, ќе преземете одговорност за тоа што го зборувате? Затоа што ќе ве потсетам за мигрантите, затоа што ќе ве потсетам за сите други состојби коишто ги кажувавте за банкрот, дека пензионерите нема да земаат пензии и така натаму. Многу од овие состојби коишто ги кажувавте, две години подоцна не се оствариле. Дали ќе преземете одговорност за истото?“.

Запрашана за српскиот бизнисмен Давор Мацура кој е сопственик на Алта Банка Белград и кој беше уапен во Србија, Митева рече дека овие прашања се за ова соседната земја.

-Не ги увезовме овие состојби, апсолутно не е точно. Треба да бидеме малку сериозни и да видиме каде се наоѓаме. Хипокризија е ова што го зборувате. Наметнувате нешто што не постои, кажа Митева на обвинувањата од СДСМ.