
„Мислев дека ја изгубив својата женственост кога ми ја отстранија дојката“ – Ана Дорник за животот по ракот
Постојат битки што завршуваат со последната терапија, но постојат и такви што продолжуваат долго откако ќе ги напуштите болничките ходници. Битки што никој не ги гледа, затоа што на сите околу вас им изгледа дека најтешкото веќе поминало. А вие допрва треба да научите како повторно да живеете со сопственото тело, како да се погледнете во огледало без да ги гледате само промените и како да поверувате дека сè уште сте истата жена – иако ништо веќе не е исто.
