
-На денешната средба со амбасадорот Метју Лосон на која присуствуваше и нерезидентното одбранбено аташен полковникот Џонатан Вилијамсон, разговаравме за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно унапредување. На потполковничката МкМахон и посакувам успешен мандат и плодна работа, со уверување дека заеднички ќе придонесеме кон натамошно зајакнување на одбранбените односи меѓу нашите две земји. Благодарност до полковникот Вилијамсон за неговиот ангажман и придонес во извршувањето на должноста нерезидентно одбранбено аташе во изминатиот период, вели Мисајловски.
Министерот нагласува дека Обединетото Кралство е еден од нашите важни партнери во областа на одбраната и остануваат посветени на континуирано продлабочување на соработката.
The post Мисајловски на средба со новото одбранбено аташе на Обединетото Кралство во Македонија appeared first on Ekonomski.mk.