Армијата ќе продолжи да им помага на граѓаните на Гостивар сè додека постои потреба од тоа, порача денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски при посетата на касарната „Јане Сандански“ во Штип, каде изврши увид во реновиран објект како дел од инфраструктурните проекти што се реализираат во армиските касарни низ државата.

Мисајловски истакна дека Армијата и натаму ќе обезбедува техничка вода за жителите на Гостивар и дека на располагање ги ставила сите свои капацитети, вклучително и цистерни и друга неопходна опрема.

„Армијата ќе остане во Гостивар за да обезбедува дополнителна техничка вода. Нашите капацитети, цистерните и различната опрема се ставени на располагање и ќе бидеме таму онолку долго колку што е потребно. Иако веќе има техничка вода, ќе постапуваме според проценките на Управувачкиот комитет и потребите на граѓаните. Нема временско ограничување – ќе останеме сè додека сме потребни“, изјави Мисајловски.

Тој додаде дека во овој момент најважно е Армијата да продолжи да ја дава неопходната поддршка, а прашањето во колкав обем ќе се користат нејзините капацитети е од второстепено значење.

The post Мисајловски: Армијата останува во Гостивар додека има потреба од помош appeared first on Прва Скопска ТВ.