Министерството за здравство соопшти дека трет ден по ред продолжува стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар, при што е регистрирано значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти.Според податоците од јавните здравствени установи, во текот на вчерашниот ден во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар биле извршени вкупно 108 нови прегледи – 60 на Инфективното одделение, 37 на Педијатриското одделение и 11 во Ургентниот центар. На болничко лекување биле примен