Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска присуствуваше на отворањето на манифестацијата „Нотарски денови 2026“, организирана од Нотарската комора, на тема „Расправање оставина: помеѓу законската рамка и нотарската практика“.Во своето обраќање, министерот Шасивари го истакна значењето на нотаријатот како еден од столбовите на правниот систем и гарант на правната сигурност на граѓаните, нагласувајќи дека работата на нотарите има директно влијание врз заштитата на сопственичките права, семејни