Претседателот на Општинската организација на СДСМ Карпош, Панче Милевски Панта, денеска јавно побара одговори од градоначалникот Сотир Лукровски, прашувајќи зошто не им се обраќа на граѓаните и дали е во состојба да ја извршува функцијата.Според Милевски, официјалното боледување на Лукровски завршило на 29 мај, но оттогаш тој не се појавил на работното место, а јавноста не добила објаснување за причините за неговото отсуство, ниту информација кој ја раководи Општина Карпош во меѓувреме.„Не навлегуваме во ничија здравствена состојба и на секој човек му посакуваме добро здравје. Но, граѓаните имаат право да знаат дали градоначалникот е способен да ја извршува функцијата за која е избран и дали општината има активно раководство“, порача Милевски.Од СДСМ оценуваат дека Карпош се соочува со институционален хаос, а вината ја лоцираат кај, како што велат, лошите кадровски и политички одлуки на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски.Тие упатија повик до Лукровски, доколку не е во можност да ја извршува градоначалничката функција, да покаже лична и политичка одговорност, јавно да ѝ се обрати на јавноста и да поднесе оставка.„Со тоа ќе се овозможат услови граѓаните на Карпош сами да одлучат кој ќе ја води општината во наредниот период. Карпош заслужува функционална општина и институции што работат во интерес на граѓаните, а не на партиските калкулации“, истакна Милевски.Милевски Панта: „Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?“
Претседателот на Општинската организација на СДСМ Карпош, Панче Милевски Панта, денеска јавно побара одговори од градоначалникот Сотир Лукровски, прашувајќи зошто не им се обраќа на граѓаните и дали е во состојба да ја извршува функцијата.Според Милевски, официјалното боледување на Лукровски завршило на 29 мај, но оттогаш тој не се појавил на работното место, а јавноста не добила објаснување за причините за неговото отсуство, ниту информација кој ја раководи Општина Карпош во меѓувреме.„Не навле...
Претседателот на Општинската организација на СДСМ Карпош, Панче Милевски Панта, денеска јавно побара одговори од градоначалникот Сотир Лукровски, прашувајќи зошто не им се обраќа на граѓаните и дали е во состојба да ја извршува функцијата.Според Милевски, официјалното боледување на Лукровски завршило на 29 мај, но оттогаш тој не се појавил на работното место, а јавноста не добила објаснување за причините за неговото отсуство, ниту информација кој ја раководи Општина Карпош во меѓувреме.„Не навлегуваме во ничија здравствена состојба и на секој човек му посакуваме добро здравје. Но, граѓаните имаат право да знаат дали градоначалникот е способен да ја извршува функцијата за која е избран и дали општината има активно раководство“, порача Милевски.Од СДСМ оценуваат дека Карпош се соочува со институционален хаос, а вината ја лоцираат кај, како што велат, лошите кадровски и политички одлуки на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски.Тие упатија повик до Лукровски, доколку не е во можност да ја извршува градоначалничката функција, да покаже лична и политичка одговорност, јавно да ѝ се обрати на јавноста и да поднесе оставка.„Со тоа ќе се овозможат услови граѓаните на Карпош сами да одлучат кој ќе ја води општината во наредниот период. Карпош заслужува функционална општина и институции што работат во интерес на граѓаните, а не на партиските калкулации“, истакна Милевски.