Владата ќе продолжи со мерки да се одржи ценовната стабилност, рече денес премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање при неговата посета на Општина Делчево, но не кажа што конкретно ќе превземат сега.

Тој рече дека лично правел анализа и дека состојбата од оваа година, кога има војна во Иран, ја споредил со 2022 година кога почна војната во Украина.

-Иако сите познавачи велат дека оваа војна има далеку подевастирачки последици за светската еконмија од аспект на енергенсите. Ако тогаш сме имале 14, 7 процент инфлација, сега имаме 3,4 проценти, ако прехрамбените производи тогаш биле над 15 проценти и биле главниот драјвер за инфлацијата, сега се 2,5 отсто. Очекувам дополнително стабилизирање на цените  во јули, изјави Мицкоски.

Тој рече дека при анализата  што ја направил анализирал 12 земји од регионот.

-Тогаш сме биле на осмо место по висина на инфлација сега сме на трето. Пред нас се Србија и Албаннија, но зад нас се сите останати држави во регионот од Турција, Бугарија, Романија, Грција, Косово Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија. Голем број држави имаат полоша состојба од нашата и ќе продолжиме да ги одржуваме ценовната стабилност, изјави Мицкоски.