
Одлуката на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО да не му го земе статусот на заштитено светско наследство на Охридското Езеро и охридскиот регион и да го стави на Листата на светско наследство во опасност, според премиерот Хиристијан Мицкоски е голем успех, за Владата и граѓаните, освен за опозицијата. Тој појасни дека по робусна дипломатија успеале да добијат одложување од 5 години, кога Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ќе процени дали државата постапила по препораките за заштита на Охридското Езеро и регионот.
-После една робусна дипломатска активност владата доби одложување Охрид да биде ставен на листата на загрозено светско наследство, 3 плус 2 години, односно после три години ќе имаме мониторинг мисија во 2029 година со извештај да оценат што е тоа што во межувреме ние ќе испорачаме а во 2031 година ќе биде што понатаму, изјави Мицкоски.
Охридското Езеро во 1979 година е ставен на листата на светско природно наследство, а следната година е ставен и градот Охрид, со што тие се прогласени за Светско природно и културно наследство на Охридскиот регион, кои се под заштита на УНЕСКО.
Премиерот рече дека тоа е голем успех за сите добронамерници, за сите граѓани со исклучок на опозицијата.
-Кај опозицијата гледаме како тажат зошто тоа се случило па има и такви соопштенија, замислете. Просто човек да не верува кога ги чита тие соопштенија. Тие тажат и зошто досега не банкротиравме, трета година по ред велат ќе банкротираме. Тие тажат петпоставувам зошто се уште нема мигранти, за кои што велеа дека ќе има мигранти. Претпоставувам тажат затоа што на први септември сите ученици ќе имаат учебници. Ќе тажат претпоствувам и кога Скопје ќе ги добие автобусите и алатките за хигиена, изјави Мицкоски.
Според премиерот опозицијата е несреќна и конструира лаги и хистерија, и додаде дека нивно е да работат и ржавата да оди напред.
-Во суштина опозицијата се претвори во едно тажно и несреќно друштво, кое што конструира лаги, шири хистерија и апсолутно ништо не остана од оние државотворни партии, кои таму во едно време во минатото таму орбитирале, изјави Мицкоски.