
Премиерот Христијан Мицкоски немал информации дека на вработените во ЈП„Паркови и зеленило“ во Скопје им доцнела платата и покрај тоа што синоќа биле ангажирани во расчистување на паднатите дрвја од невремето. Тој во одговор на новинарско прашање рече дека нема информација за овие вработени, но дека имало вработени во јавните институции кои примаат плата и не одат на работа и дека за таквите ќе има казни.
-Немам информација дека вработените во ЈП„Паркови и зеленило“ не ја добиваат навреме платата. Има една група вработени во јавни институции кои не доаѓаат на работа, кои се пред фаза на отказ. Тие не само што нема да ги добијат платите, туку ќе добијат и кривични пријави и ќе треба да ги враќаат примените плати. Но такава информација немам, изјави Мицкоски.
За невремето што вчера го зафати Скопје, според премиерот било „епско“ и им се заблгодари на градоначалниците за нивната брза реакција во расчистување на штетите.
-Им благодарам на градоначалниците кои вчера после епското невреме кое го зафати Скопје, излегоа на терен и со институциите кои се во нивна надлежност и ги санираа штетите. Денес ќе продолжат, затоа што станува збор за епско невреме, и подготовката од нивна страна и операцијата беше голема и по проценка на штетите ќе се рефундира од надлежните институциите, изјави Мицкоски.
Е.Б.