Премиерот Христијан Мицкоски денеска појасни дека нема да се овозможи полагање на целиот правосуден испит на албански јазик, туку решението што ќе биде доставено на владина седница ќе содржи два дела.
Според него, студентите ќе можат делот од испитот поврзан со нивните додипломски студии да го полагаат на јазикот на кој го завршиле високото образование односно на албански, турски и англиски јазик.
Од друга страна, делот од правосудниот испит во кој се симулира судски процес, односно прашањата од кривичната и граѓанската постапка, ќе се полага на македонски јазик.
Мицкоски нагласи дека ставот на Владата е дека македонскиот јазик треба да биде заеднички јазик во правосудниот систем, бидејќи тоа, според него, е поврзано со владеењето на правото, а не со политички прашања.
The post Мицкоски најави промени: Правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик appeared first on Скопско ЕХО.