Нафтата е берзански производ, сите купуваме од исто место, но за разлика од земјите од регионот имаме убедливо најниски цени и така ќе остане, изјави премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање.

На прашањето дали Владата ќе преземе неккви мерки по порастот на цените на суровата нафта на светските пазари тој рече дека ако е потребно ќе преземат мерки. Овој пат, тој не даде прогноза за тоа за колку очекува да се намали или зголеми цената на горивата.

-Ја следиме состојбата со нафтата. Се уште остануваме земја со убедливо најниски цени во регионот, кога станува збор за бензините и дизел горивата се разбоира дека следиме и дека ќе реагираме и онака како што и досега реагираме. Граѓаните да бидат спокојни ќе продолжиме да бидеме земја со најсниска цена на бензините и горивото, иако тоа е берзански производ. Ќе повторам не зависи од тоа дали некој е подобар или полош претприемач или е подобар или полош политичар, туку е берзански производ. Сите купуваме од исто место но за разлика од земјите од регионот имаме убедливо најниски цени и така ќе остане, изјави Мицкоски.

Владата пред една недела  донесе одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, со што се овозможува намалување на акцизата на нафтените деривати.