Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата ќе им помогне на граѓаните и ќе ги надомести штетите што ги предизвика силното невреме, согласно законските процедури и по извршената проценка на терен.

Тој нагласи дека Владата нема да ги остави граѓаните сами да се справуваат со последиците и им се заблагодари на институциите, јавните служби и градоначалниците кои веднаш по невремето излегле на терен и започнале со расчистување и санирање на штетите.

„Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Им благодарам на институциите и на градоначалниците што веднаш по силното невреме кое го зафати Скопје излегоа на терен и започнаа со санирање на последиците. Активностите продолжуваат и денеска. Подготовката и мотивацијата беа на високо ниво, а штетите ќе бидат евидентирани и, согласно законите, искуството и досегашната практика, ќе бидат надоместени од надлежните институции“, изјави Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Владата располага со механизми за финансиска помош, премиерот истакна дека тие се предвидени и ќе бидат активирани како и при секоја елементарна непогода.

The post Мицкоски: Граѓаните нема да останат сами по невремето appeared first on Скопско ЕХО.