На околу 35 километри од брегот на бразилската сојузна држава Сао Пауло се наоѓа остров на кој луѓето речиси и да немаат пристап. Станува збор за Илја да Кејмада Гранде, познат и како Островот на змиите, каде што живеат илјадници отровни змии.Островот зафаќа површина од околу 43 хектари, долг е приближно 1,5 километри и има стрмни брегови поради кои е тешко достапен. Нема постојани жители ниту извори на вода за пиење, но претставува природно живеалиште на една од најнеобичните змии во светот.Нег