
Иако за здравјето, особено за менталното, треба да се зборува во текот на целата година, ноември е посебна можност да се привлече вниманието кон проблемите со кои се соочуваат мажите. Статистиките покажуваат дека тие поретко бараат помош и поретко зборуваат за психолошките тешкотии. Дел од причината лежи во традиционалните очекувања дека мажите мора да бидат силни, издржливи, нечувствителни и дека не им се потребни разговор и нежност. Но, и тие се соочуваат со истите ментални предизвици како и жените.
Токму затоа кампањата „Но шејм Мовембер“ (No Shame Movember) испраќа порака дека не е срамота да се побара помош, да се покаже ранливост или отворено да се зборува за психичките проблеми. Не треба да биде срамота ниту редовно да се прават самопрегледи, ниту да се признае стравот доколку се забележи некаква промена на телото.
Како започна Мовембер и каква врска има со мустаќите?
Движењето започнало во 2003 година во Австралија, од каде што постепено се проширило низ целиот свет. Мустаќите станале негов препознатлив симбол, а еден од начините за учество е мажите да не се бричат во текот на целиот ноември.
Сè поголем е бројот на млади мажи кои заболуваат и умираат од рак на простатата и тестисите. Зачудувачки е податокот дека овој вид рак е втор најчест вид рак од кој заболуваат мажите, веднаш по ракот на кожата. Освен тоа, Мовембер е движење кое во преден план го става машкото ментално здравје, како и превенцијата од самоубиства.
А каква врска имаат мустаќите со сето ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.
The post МЕСЕЦОТ НА МУСТАЌИТЕ Кога гласно се зборува за машкото здравје, од ракот на простатата до менталното здравје appeared first on plusinfo.mk.