
Германскиот канцелар ги отфрла сугестиите дека пристапувањето на Црна Гора во Европската Унија треба да се поврзе со пристапувањето на други земји. „Црна Гора би требало да стане членка на ЕУ до крајот на деценијата“, изјави Мерц, пренесува Дојче веле.
„Црна Гора е подготвена за придружување. Во главно ги исполни сите барања“, рече Мерц во вторникот за време на посетата на Даблин, пренесува ДВ.
Европската Унија нема примено ниту една нова членка 13 години – а порачува дека е отворена за европските држави кои ги исполнуваат т.н. Критериуми од Копенхаген.
„Црна Гора тоа го прави – а тогаш и Европската Унија мора да стои зад својот збор“, нагласи канцеларот и додаде дека Црна Гора го постигна најголемиот напредок. „Затоа не би требало да ја пуштаме да чека“, рече тој.
Позадината на таа порака од германскиот канцелар е барањето на некои влади на земјите-членки на ЕУ пристапувањето на Србија да се поврзе со пристапувањето на Црна Гора.
Србија, меѓутоа, во моментов значително заостанува во спроведувањето на барањата на Европската Унија, пишува ДВ.